Поврзете се со нас

НБА

Моќното трио на Лејкерс искомбинира 85 поени за важна победа над Мемфис (Видео)

Објавено

на

Фото: https://x.com/Lakers

Лос Анџелес Лејкерс утринава му гостуваше на Мемфис во директен дуел за четвртото место во западната конференција и успеа да го искористи ефектот на расположеното ударно трио за важна победа (127:134).

Во натпревар со многу поени, ЛеБрон Џејмс, Остин Ривс и Лука Дончиќ реализираа 85 поени, а најефикасен беше Ривс со 31, по што следуваа Дончиќ со 29 и Џејмс со 25 поени.

Натпреварот дојде по шокантниот финиш во Чикаго, каде Лејкерс загубија со тројката со звукот на сирената на Гиди, но носи предност од една победа во однос на Гризлис и барем теоретски шанси да се брка Денвер кој е на третото место на Западот.

Бејн со 29 поени беше најефикасен кај домаќините, кои останаа без долгогодишниот тренер Тејлор Џенкинс во пресрет на оваа дерби средба.

Далас му ја прекина серијата од четири победи по ред на Чикаго, додека сигурни победи остварија Бостон и Оклахома Сити.

Вашингтон – Бруклин 112:115
Филаделфија – Мајами 95:118
Чикаго – Далас 119:120
Мемфис – Л.А Лејкерс 127:134
Оклахома сити – Индијана 132:111
Сан Антонио – Бостон 111:121

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни