Поврзете се со нас

Репрезентација

Моќно издание на избраниците на Лазаров, совладана Грција со 18 гола разлика

Објавено

на

Ракоментата репрезентација на Македонија на одличен начин ги отвори Медитеранските игри кои оваа година се одржуваат во Оран, Алжир откако со убедливи 39:21 ја совлада селекцијата на Грција.

Избраниците на Кире Лазаров покажаа голема надмоќ над јужниот сосед и сосема заслужено ја слават една од највисоките победи во репрезентативната историја.

Ракометарите, кои претежно беа млади лица за кои ова ќе биде своевиден „филтер“ за сениорската репрезентација покажаа врвен ракомет без никаква грешка.

Играта на теренот беше одлична, протокот на топка доста брз, а во нападот имавме огромна разновидност, нешто што досега не било видено. Освен тоа, стрелците беа расположени, па ретко кога Македонија ќе промашеше некој удар.

Одбраната беше одлична и изгледаше доста воиграно, а фантастични меѓу стативите беа и Кизиќ и Гогов.

Следниот натпревар македонската репрезентација го игра веќе утре со почеток од 18:00 часот, а противник ќе ни биде домашната селекција на Алжир.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни