Моќниот Вардар се прошета низ Загреб

Sterbik

Најдобриот македонски ракометен состав и бранител на трофејот во Лигата на шампионите дојде до нова победа во елитното натпреварување и тоа на гостувањето кај ППД Загреб со 29-23.

Вардарци дојдоа до првото славје на гостински терен во Загреб кога се во прашање мечевите во ЛШ на крилјата на голманот Арпад Штербик кој беше феноменален, особено во првиот дел кога имаше 13 одбрани или севкупно на крајот 19 интервенции.

Во првите 30 минути „црвено-црните“ „избегаа“ на плус пет (15-10), по што потоа го исконтролираа овој резултат или поточно го потврдија истиот во продолжението. Покрај Штербик белег остави и крилото Чупуќ со 7 голови од исто толку обиди, а пак Борозан дојде до бројката од шест погодоци.

„Шестка“ на спротивната страна имаше бекот Мандалиниќ. Вардар во групата А е на првото место со учинок од 6 победи и едно реми, следното коло носи дерби пресметка со залетаниот Рајн Некар Левен.

Facebook Коментари