Англија
Моќниот Ливерпул го надигра Сити и ја продолжи агонијата на Гвардиола (Видео)
Ливерпул во период од неколку дена ги победи двата најдобри тимови во Европа во последните неколку години, бидејќи по триумфот над Реал Мадрид, денеска во Премиер лигата го надигра и Манчестер Сити.
„Енфилд Роуд“ беше стадионот на кој гледавме уште еден брилијантен фудбалски натпревар од избраниците на Арне Слот, кои ова попладне во целост го надиграат тимот на Пеп Гвардиола и ја продолжија агонијата на шпанскиот стручњак.
Гвардиола и неговиот Сити го претрпеа шестиот пораз на последните седум меча во сите натпреварувања, а овој изразен со резултат 2:0 можеше да биде и далеку поубедлив.
Ливерпул доминираше во секој поглед и не искористи безброј шанси за уште покомотна победа, па слободно може да се каже дека актуелниот шампион избегна катастрофа на „Енфилд Роуд“.
Човек на одлука повторно беше Мо Салах кој најпрво мајсторски асистираше до Гакпо за 1:0 во првиот дел, за потоа да ја преземе одговорноста и да го изведе пеналот за 2:0 кој го изнуди Луис Дијаз.
Со оваа победа, Ливерпул се зацврсти на првото место на табелата во Премиер лигата, па по 13 одиграни кола има неверојатна предност пред Сити која гласи 11 бодови.
За видео од головите кликнете ТУКА
-
Светски првенства19 часа
Лекаи со тешки зборови за македонските фанови: Нашиот голман може да ви каже што му правеа
-
Шпанија21 час
Анчелоти: Свирежите од „Бернабеу“ значат само едно нешто
-
Репрезентација7 часа
Лазаров: Ова не личеше на меч од СП, не сакам да се правдам, но кога…
-
Италија21 час
Јувентус ќе дозволи трансфер на Камбијасо во Сити само под еден услов
-
Светски првенства22 часа
Лазаров наброја низа фактори кои очекува да бидат клучни на натпреварот со Холандија
-
Англија19 часа
Халанд стави потпис на „гига-договор“ со Сити, фановите на премиерлигашот воодушевени
-
Евролига18 часа
Хезоња ги шокираше фановите со изјавата на полувремето на дуелот Реал-Олимпијакос (Видео)
-
Свет17 часа
Нејмар откри детали од периодот во ПСЖ: Мбапе се промени по доаѓањето на Меси