Франција
Моќната Франција во четвртфинале: Мбапе со два страшни гола ја разнесе одбраната на Полска (Видео)

Франција изгледа идентично моќно и разиграно како во тимот да има фудаблски ѕвезди како Пол Погба, Нголо Канте и Карим Бензема, пред се поради широкиот избор на феноменални играчи со кои располага Дидие Дешамп.
Францускиот селектор може да биде горд што во тимот има многу храбри играчи за највисоки дострели, а денеска лидерската улога ја презема Килијан Мбапе кој имаше спектакуларно издание против Полска.
Ѕвездата на ПСЖ најпрво му асистираше на Оливие Жиру за водство од 1:0 против Полјаците пред крајот на првиот дел, но потоа во вторите 45 минути ја разнесе противничката одбрана и голманот Шчесни со два велемајсторски гола.
Мбапе најпрво со силен удар го погоди поблискиот агол, а потоа стрелаше во подалечниот за водство од 3:0 и потврда на победата на Франција која носи пласман во четвртфиналето.
Во самиот крај на мечот, Полјаците се изборија за пенал и почесен гол, кој беше реализиран од Левандовски по вториот обид од белата точка.
Со новите два погодци, главната ѕвезда на денешниот меч стигна до бројката од девет мундијалски гола, надминувајќи го Пеле како најмлад играч што стигнал до вакви бројки (помалку од 24 години).
-
Светпред 19 часа
Судот во Мадрид ги нападна УЕФА и ФИФА и донесе пресуда во корист на Суперлигашите
-
Германијапред 21 час
Кансело позираше со новиот дрес и со само пет збора се прости од Сити (Фото)
-
Шпанијапред 23 часа
Барселона почна преговори за продажба на Белерин после само шест месеци: Се задоволува со минимален надоместок
-
Англијапред 15 часа
Јунајтед договори засилување од Баерн (ВИДЕО)
-
АТПпред 22 часа
Момент кој не се виде во телевизискиот пренос: Прославата на Ѓоковиќ по последниот поен од вистински агол (Видео)
-
Македонијапред 20 часа
Антиќ со совет до младите кошаркари: Не гледајте НБА лига, Јокиќ игра со 50 проценти!
-
Англијапред 14 часа
Беше шокиран: Реакцијата на Кукуреља за трансферот на Жоржињо во Арсенал (ВИДЕО)
-
Италијапред 11 часа
Марота: Нема повеќе клупски легенди, мораме да ја почитуваме одлуката на Шкриниар