Поврзете се со нас

Светски првенства

Моќната Франција лесно се справи и со Холандија

Објавено

на

foto: x.com/FRAHandball

Франција ги „меле“ противниците во досегашниот тек на Светското првенство, а последна жртва беше селекцијата на Холандија која беше совладана со рутински 35:28.

Претходно во главната фаза со истата таа разлика ја решија Унгарија, а во првиот дел ги прегазија Австрија, Кувајт и Катар. „Триколорите“ знаат што сакаат на секој меч, па така беше и на вечерашниот против „лалињата“ каде уште во првиот дел се стекнаа со позитива од 19:13, а потоа рутински ја одбранија истата и го задржаа перфектниот учинок на шампионатот.

Токму Французите се наш нареден ривал и тоа во сабота во вечерниот термин од 20:30 часот.

Инаку на втората средба од 18 часот, Германија ја потврди улогота на фаворит во соочувањето со Италија 34:27 (15:13).

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни