Поврзете се со нас

Светски првенства

Моќната Данска ја декласираше Италија, Катар предводен од Вујовиќ избори втора фаза на мундијалот

Објавено

на

Во дуелот на двете непоразни селекции во групата Б на Светското првенство, Данска ја покажа својата класа и цела моќ со која располага во овој момент, па така скандинавците многу полесно од очекувањата најдоа решение за селекцијата на Италија која досега пријатно изненади со своите настапи.

„Аѕурите“ брзо се уверија дека немаат што да бараат во дуелот со актуелниот светски и олимписки шампион, откако Данска направи серија од 8:0 при резултат 4:4 во воведот од мечот, што воедно го одреди и текот на настаните во останатите 40-тина минути.

Скандинавците брзо дојдоа и до двоцифрена предност до полувремето и стана јасно дека ќе понесат максимални бодови во втората фаза на мундијалот, етапа во која ќе ја гледаме и Италија и покрај поразот од 39:20.

Дел од втората фаза ќе биде и селекцијата на Катар предводена од Веселин Вујовиќ, откако вечерва во истиот термин избраниците на Вујо извојуваа победа над Кувајт со резултат 25:22.

Ако се биде според очекувањата, Катар треба да биде ривал на Македонија во вториот круг, фаза за која ние треба да се избориме со победа над Гвинеја на утрешниот меч.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни