Поврзете се со нас

Европски првенства

Моќна претстава против светскиот шампион: Лазаров диригираше, Митревски бранеше, Кузмановски „бомбардираше“ (ВИДЕО)

Објавено

на

Најдобрата македонска ракометна репрезентација издвојува голема победа над Данска (33-29) во квалификациите за пласман на Европското првенство, победа со која го преземавме првото место во групата 7 пред вечерашниот ривал.

Нашиот национален тим одигра фантастично на дебито на селекторската позиција на Кире Лазаров, одлично функциониравме како во нападот така и во одбраната и сосема заслужено светскиот шампион падна во Скопје.

Фантастичен на голот беше Митревски кој запиша 13 одбрани, Талески, Кузмановски и Манасков дадоа по 5 гола, капитенот и селектор Лазаров четири…односно сите играчи кои добија шанса го дадоа максимумот и со тоа придонесоа за овој голем резултат.

Во продолежние погледнете дел од мајстории на нашите ракометари.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни