Поврзете се со нас

Олимписки игри

MOK ја претстави македонската олимписка делегација пред утрешното заминување во Пекинг

Објавено

на

Македонскиот Олимписки Комитет денеска одржа прес-конференција, на која присуствуваа македонските претставници на претстојната зимска Олимпијада во Пекинг.

Еден ден пред нивното заминување кон кинеската престолнина, Ана Цветановска, Дардан Дехари и Ставре Јада имаа средба со медиумите, заедно со предводникот на македонската делегација Владимир Богоевски.

Цветановска и Јада ќе не претставуваат во по две крос-кантри дисциплини, додека Дехари е единствениот македонски претставник во алпско скијање и ќе се натпреварува на трките во слалом и велеслалом.

Цветановска ќе настапи на трките 7,5 км слободно трчање + 7,5 км скијатлон и 10 км класичен стил на 5 и 10 февруари, додека Јада е пријавен на спринт трката на 1,5 км и на 50 км слободен стил, натпревари закажани за 8 и 19 февруари. Тренер на двајцата натпреварувачи во крос-кантри е Борче Јовановски.

Дехари ќе настапи на 13 и 16. февруари, а негов тренер е Антонио Ристевски. Дехари и Цветановска ќе бидат наши знаменосци на церемонијата на отворање на ЗОИ во Пекинг.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни