Поврзете се со нас

Боречки спортови

МОК ја одреди еднократната сума која ќе му биде исплатена на олимпискиот вицешампион (Фото)

Објавено

на

Дејан Георгиевски вчера доби ветување дека ќе добие награда од 30 илјади евра од Владата на Република Северна Македонија и Агенцијата за млади и спорт, а денеска пристигна официјално соопштение дека еднократна премија ќе добие и од Македонскиот Олимписки Комитет.

Таеквондо мајсторот кој освои сребрен медал на Олимписките игри во Токио денеска ќе биде пречекан во Скопје пред триумфалната порта на плоштадот, но пред да се случи тоа, МОК излезе со објава за дополнителната парична награда која ќе ја добие од телото кое со години наназад го финансира овој спорт.

– Олимпискиот комитет на Северна Македонија кој и досега севкупно ги финансираше сите подготвителни активности на Таеквондо репрезентативците на најпрофесионален начин, има задоволство дополнително да даде и финансиска награда за најзаслужниот за овој извонреден успех кој е круна на повеќегодишната систематска работа на стручниот штаб сесрдно подржан од Олимпискиот комитет.

– Финансиската еднократна награда ќе изнесува 10.000 евра за Дејан Георгиевски. Дополнително Олимпискиот комитет ќе обезбеди максимална стипендија за Дејан за следните Олимписки игри во Париз 2024 во износ од 1.000 УСД месечно, – гласи  соопштението на МОК.

Само за потсетување, Георгиевски пред два дена ја израдува цела Македонија со своите извонредни настапи во Токио, каде успеа а победи три големи ривали, пред да стане актуелен олимписки вицешампион, успех со кој и го донесе првиот сребрен медал на нашата земја од осамостојувањето.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни