Олимписки игри
МОК ја одреди делегацијата која ќе ја претставува Македонија на ЗОИ во Пекинг

По одржаните Летни Олимписки игри во Токио, македонскиот олимписки комитет се подготвува и за она што следува во Пекинг, односно Зимските Олимписки игри.
МОК оваа вечер излезе со информација за учесниците кои ќе ја претставуваат Македонија на големото случување во Пекинг, кое ќе се одржи наредниот месец од 4-ти до 20-ти февруари.
– Врз основа на комуникација со ФИС (Меѓународната скијачка федерација) и ИОК (Меѓународниот олимписки комитет), МОК информира дека македонската Олимписка делегација која ќе учествува на зимските Олимписки игри ПЕКИНГ 2022, кои ќе се одржат во периодот 4-20 Февруари 2022 година, ќе биде составена од следните спортисти:
– Ана Цветановска – Крос кантри – ФИС код 3755009 (тренер Борче Јовановски) – 126,98 ФИС поени / дисциплини 7,5 км слободно плус 7,5 км скијатлон и 10 км класично (настап на 5 и 10 Февруари).
– Дардан Дехари – Слалом – ФИС код 750089 (тренер Антонио Ристевски) – 58,50 ФИС поени / дисциплини слалом/велеслалом (настап на 13 и 16 Февруари).
– Ставре Јада – Крос кантри – ФИС код 3750031 (тренер Борче Јовановски) – 63,77 ФИС поени / дисциплини Спринт слободно 1,5 км и 50 км слободно (8 и 19 Февруари).
Македонското знаме на церемонијата на отварање на зимските Олимписки игри ќе го носат Ана Цветановска и Дардан Дехари.
Олимписката делегација која ќе биде водена од страна на спортскиот директор на МОК, Владимир Богоевски за Пекинг ќе тргне на 29 Јануари, а во Скопје ќе се врати на 21 Февруари.
-
Македонијапред 18 часа
Инфаркт завршница во Кавадарци: Талески со гол во последната акција го остави Пелистер и без Куп трофејот!
-
Македонијапред 15 часа
Дејвис со оригинален коментар по Куп драмата: Овој тим на Вардар има „кохонес“
-
Германијапред 23 часа
Мајсторија која ќе се врти: Соиграч на Чурлинов постигна гол од половина терен (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 21 час
Таткото на Меси: Се надевам Лео ќе се врати во Барселона
-
Италијапред 6 часа
Интер не се откажува од Перишиќ: Ќе ја донесеме најдобрата одлука, сакаме да остане со нас
-
Македонијапред 17 часа
Херојот Талески: Пресуди името Вардар, Пелистер нема играч кој презема одговорност!
-
Италијапред 7 часа
Објаснување за нереалниот погодок: Тео обелодени што помислил кога ја прими топката на 80 метри од голот (Видео)
-
НБАпред 6 часа
Доктор Дончиќ и Далас го прегазија Феникс во мајсторката, Бостон му пресуди на шампионот (ВИДЕО)