Поврзете се со нас

Олимписки игри

Редовно собрание на МОК во сплотена атмосфера: Промовиран проектот „Златен денар за златен медал на македонските спортисти“

Објавено

на

Фото: https://mok.org.mk/
Редовното Собрание на МОК се одржа во Скопје, во хотелот „Лимак“, каде што според предвидениот дневен ред беа усвоени извештаите од работењето, вклучително и финансискиот и ревизорскиот извештај, како и извештајот од извршената контрола на УЈП и Интернационалниот олимписки комитет.

На почетокот  претседателот на МОК, Даниел Димевски му врачи Златна плакета на МОК на Шабан Сејдиу, Олимписки великан, носител на два бронзени медали и учесник на 4 (четири) летни Олимписки игри.

Димевски даде информација за новите партнери на МОК, „Лимак Холдинг“ и шпанскиот производител на спортска опрема „Јома“, кои ќе ги поддржат  најдобрите македонски спортисти што ќе учествуват на Европските игри Краков 2023, Зимските младински олимписки игри Гангвон 2024 како и летните Олимписки игри Париз 2024.

https://mok.org.mk/

https://mok.org.mk/

На Собранието беше промвиран и новиот проект на МОК, „Златен денар за златен медал на македонските спортисти“.

Во одбрана на Олимпизмот и спортот, Димевски истакна дека секогаш ќе ги брани интересите на МОК и на Националните спортски федерации како највисоки Олимписки и спортски невладини институции кои го водат македонскиот спорт, дека ќе ја брани тешката и макотрпна работа на МОК и на Националните спортски федерации и истите ќе ги штити од секакви бескрупулозни и лажни напади во однос на позитивните активности, како што е, пред се, ваучерскиот систем.

На крајот, имајќи во предвид дека следното Собрание е изборно, беа избрани и членови на Изборната кандидациона комисија на МОК.

Како нов член на Собранието на МОК, врз основа на замена, беше избран Кочо Димитровски, спортска и фудбалска легенда на македонскиот спорт, а како нов член на МОК е примена и Македонската Федерација за дигање тегови, како федерација чиј спорт е на листата на Олимписките игри Париз 2024 и е член на Меѓународната федерација за дигање тегови.

https://mok.org.mk/

https://mok.org.mk/

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни