Поврзете се со нас

Македонија

Мојсовски е именуван за нов директор на АМС

Објавено

на

Поранешниот македонски репрезентативец, Наумче Мојсовски е именуван за нов човек на Агенцијата за млади и спорт.

Оваа одлука ја донесе македонската влада со што само се потврдија информациите кои во изминатиов период кружеа низ јавноста. Наумче е еден од играчите кој остави голема трага во нашиот ракомет, настапуваше за најдобрите македонски клубови Вардар, Пелистер и Металург и беше дел од репрезентацијата кога го остваривме најголемиот успех на големите натпреварувања, петтото место на ЕП во Србија во 2012 година.

Наумче доаѓа на местото на Дарко Каевски кој пак беше избран за пратеник на последните парламентарни избори.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни