Мојсов: Вујовиќ силно ги мотивира ракометарите, ќе му парираме на големиот ривал

mojsov-canevski

Составот на Еурофарм Работник го заврши својот настап во Лигата на шампионите, па сега може да се фокусира на средите во СЕХА лигата.

Утре (17:15 часот) македонскиот вицешампион ќе има нов предизвик во оваа конкуренција и тоа против екипата на ППД Загреб. На првиот меч во Загреб, „фармацевтите“ загубија минимално 24-23, па сега се надеваат дека ќе одиграа уште една таква средба во која ќе излезат како победници.

-Сите знаеме кој ривал ни доаѓа утре. ППД Загреб е млада, мотивирана екипа која е предводена од играчката и тренерска легенда Веселин Вујовиќ. Тој ги мотивира младите играчи, тие играат многу добро и агресивно. Верувам ќе одиграме изедначен и неизвесен натпревар. Се соочуваме со мали повреди, Кукоски ја обнови повредата, но ќе му парираме на големиот ривал. Овие момци заслужуваат поддршка и ги повикам сите фанови да дојдат и да не бодрат, -порача тренерот Божидар Мојсов.

Facebook Коментари