Мојсов обезбеди бод за АЕК Ларнака на дербито со Анортозис (Видео)

136441-mojsov-prv-strelec-za-aek-vo-novata-sezona

Нашиот интернационалец во дресот на АЕК Ларнака, Даниел Мојсов уште еднаш се запиша во листата на стрелците во кипарското првенство, a неговиот гол беше доволен за реми на тешкото гостување кај Анортозис.

Кавадарчанецот погоди за својот тим во судиското продолжение од првото полувреме за голема радост на АЕК. Мојсов одлично се снајде во шеснаесетникот на домаќините, си создаде простор и прецизно биеше кон голот на Харуш.

Сепак, на самиот старт на вториот дел Анортозис го изедначи резултатот со одличниот погодок на Михаил Дуруш од 30-тина метри.

Мојсов ги одигра сите 90 минути на овој натпревар, а ова за него беше четврти погодок во дресот на АЕК Ларнака. Цел натпревар за гостите одигра и Иван Тричковски.

Со овој бод АЕК остана на четвртото место на табелата во Кипар со 62 поени, три помалку од третопласираниот Анортозис.

Facebook Коментари