Поврзете се со нас

Светски првенства

Мојсоски: Можеш да загубиш, но мора да има борба

Објавено

на

Поранешниот македонски репрезентативец, Наумче Мојсоски направи анализа и даде свој коментар за играта на нашата селекција на денешниот меч против Русија на Светското првенство во Египет.

„Црвено-црните“ повторно беа надиграни на терено и загубија со 12 голови разлика (32-20).

-Недостасува борба, почна лошо и заврши уште полошо. Одигравме без желба и борба. Можеш да загубиш многу, ама да не се бориш тоа е лошо. Мора да се мотивираме, мундијалот мора да ни биде мотивација. Никој нема да ти замери ако се бориш, ама тоа не го видовме.

-Тие ја имаат мојата поддршка, треба трпение, ама пак ќе повторам, не е страшно да се загуби и со 20 разлика, но ако нема борба се е залудно, -порача Мојсоски за МТВ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни