Англија
Мојс за непријатната глетка на полувреме: Ги разбирам фановите…… (Видео)

Вест Хем го претрпе најголемиот пораз во својата клупска историја на денешниот натпревар против Арсенал, откако „чеканите“ беа целосно уништени од момците на Микел Артета.
Тимот од Северен Лондон славеше со 0:6 и испрати уште една јасна порака дека е подготвен да се бори за титулата, додека од друга страна пак, притисокот повторно почна да расте врз Дејвид Мојс кој влезе во последните месеци од договорот со клубот.
Раководните луѓе на Вест Хем се уште размислуваат дали да му понудат нов договор, но добар дел од навивачите веќе ја загубија довербата во него и денеска го испразнија стадионот уште на полувреме.
Илјадници фанови си заминаа од трибините по четирите гола кои беа примени пред крајот на првиот дел, а тоа придонесе да видиме и непријатни глетки од пред стадионот.
– Не заборавајте дека го победивме Арсенал 0:2 на крајот на месец декември, ова е истиот тим, но едноставно не бевме на потребното ниво. Не треба да се суди толку лошо после еден пораз. Тврдам дека клубот е во многу подобра состојба од она кога јас дојдов првиот ден. Се боревме за опстанок, а сега сме далеку од такво нешто. Бевме шести и седми во лигата, игравме полуфинале во Лига европа, игравме финале во Конференциската лига и клубот расте изминативе години.
– Денеска имавме ужасен ден и можам да ги сфатам навивачите кои си заминаа на полувреме. Знам дека чувството е лошо, но ова беше само еден лош ден. Секој може да има лош ден на работа, тоа ни се случи нас денеска. Нема брзо да го заборавиме овој пораз, но ќе направиме се за да се вратиме посилни. Ништо не ни одеше како што сакаме, бевме слаби во одбрана и налетавме на расположен противник, – изјави Дејвид Мојс.
"The train station in Stratford is going to be busy shortly" 😬
West Ham fans find a quick exit as their side goes 4 goals down against Arsenal in the first-half 😮 pic.twitter.com/OnZQfZziYr
— Sky Sports Premier League (@SkySportsPL) February 11, 2024
-
НБА14 часа
Најавите се остварија: Богдановиќ ја замени Атланта со Лос Анџелес
-
Шпанија22 часа
Марсело со емотивно видео објави крај на кариерата: Мадридизмот не се опишува со зборови
-
Свет23 часа
Урнебесен старт на авантурата во Сантош: Нејмар влезе во игра и веднаш доби удар на најболно место (Видео)
-
Евролига22 часа
Обрадовиќ во елемент: Немој да те удрам со таблава по глава….. (Видео)
-
Англија12 часа
Ливерпул го уништи Тотенхем и ќе се бори за трофејот во Лига Купот (ВИДЕО)
-
Италија13 часа
Шампионот настрада на „Артемио Франки“: Фиорентина го потопи Интер во продолжениот меч во Серија А (ВИДЕО)
-
Англија22 часа
Јоро откри каква Ватсап подготовка добиваат дефанзивците од Аморим пред секој натпревар на Јунајтед
-
Франција19 часа
Луис Енрике: Ви реков дека ќе бидеме подобри во одбрана и во напад без Мбапе!