Англија
Мојс шокиран од одлуката во корист на Јунајтед: Ова е фрустрирачки за гледање (Видео)

Евертон испушти предност од 2:0 против Манчестер Јунајтед на „Гудисон парк“ и на крајот мораше да се задоволи со освоен бод, но мора да се признае дека домаќините имаа доволно причини за разочарување за испуштените два бода.
„Карамелите“ успеаја да се реактивираат по двата примени гола во вториот дел, па кога се чинеше дека се изборија за пенал во 93-та минута, следеше голема ВАР драма на „Гудисон парк“.
Ешли Јанг беше повлече од Матијс Де Лихт и се чинеше дека има потребни елементи за најстрога казна, па иако Енди Медли првично покажа на белата точка, главниот арбитар во продолжение беше премислен од луѓето во ВАР собата.
Судиите од подтрибинскиот простор му го покажуваа само контактот со Мегваер и целосно го занемарија влечењето од Де Лихт, па на крајот Медли ја измени одлуката и Евертон остана без пенал.
– Навистина не можам да разберам како може да се случи вакво нешто. Де Лихт го влечеше Јанг за дрес. Судијата донесе добра одлука на теренот и требаше да се држи до неа.
– Секој што гледа фудбал очекуваше одлуката да остане иста, но на крајот не беше така. Сите знаеме зошто ВАР беше воведен во нашата игра, но во оваа ситуација воопшто не требаше да биде инволвиран. Беше фрустрирачки да се гледа сето ова, едноставно не треба да минете неказнети кога сте го влечеле противникот за дрес, – се пожали менаџерот на домаќините, Дејвид Мојс.
-
Игри на среќа23 часа
Евротип: Бомба од тикет за гигантска добивка
-
Свет22 часа
Роналдо со гол број 928, Ал Наср со победа пред своите гледачи (ВИДЕО)
-
Лига на шампиони11 часа
Ван Бастен зазема страна: Не сум фан на Реал, ниту на Атлетико, но… (Фото)
-
Свет11 часа
Нејмар ќе почека за камбек во националниот тим, неговото место му припадна на играч на Реал
-
Англија23 часа
Галас за потегот на Артета: Тоа покажува дека не е тренер од светска класа
-
Италија7 часа
Виери го објасни својот избор за финале во ЛШ: Не сакам да му правам малери на Интер
-
Англија22 часа
Џонсон со изненадувачки премиерлигашки предизвик за Мурињо: Никогаш не се знае…
-
Германија21 час
Неверојатно, ама вистинито: Домаќините се радуваат на триумф во Бундеслигата по 19 натпревари (ВИДЕО)