Поврзете се со нас

Англија

Мојс излезе со објаснување откако Де Хеа му ја упропасти пенал тактиката во 94. минута

Објавено

на

Дејвид Мојс изрежира многу чудна измена во 94-та минута од мечот против Манчестер Јунајтед, односно реши да стави во игра незагреан фудбалер со цел да го изведе пеналот кој неговиот тим го доби во самата завршница.

Џеси Лингард погоди за водство на Јунајтед во 89-та минута, но домаќините добија златна шанса за израмнување и освојување бод во судиското надополнување, нешто што на крајот не се случи.

Марк Нобл влезе и првиот контакт со топката му беше кога изведуваше пенал, а неговиот обид беше добро прочитан од страна на Давид Де Хеа кој со клучната одбрана се претвори во херој.

Мојс доби многу критики од аналитичарите за несфатливиот потег и извршената измена во 94-та минута, па мораше да се објаснува пред новинарите по поразот од 1:2.

– Добивме пенал, а на клупата го имаме еден од најдобрите пеналџии во Премиер лигата и во Европа. Ако не ја направев таа одлука, ќе бев далеку полут на себе отколку што сум сега. Го прашав дали сака да влезе и да изведе пенал, а тој се согласи и рече дека е подготвен. Ја донесов оваа одлука поради статистиката која ја има со пеналите, а која е многу добра. Промашивме неколку пенали во последно време и сметав дека Марк е добар избор, – објасни Мојс.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни