АТП
Моја објасни што ги прави Надал, Федерер и Ѓоковиќ поразлични од обичните смртници
Карлос Моја своевремено беше најдобар шпански тенисер и светски рекет број еден на АТП листата, а како таков, тој беше идол на многу млади играчи кои надоаѓаа, вклучувајќи го и Рафаел Надал кој подоцна се претвори во најдобар шпански играч во историјата.
Рафа во повеќе наврати има признаено дека токму Моја бил негов најголем идол, па за да биде поинтересно, судбината посака сега да му биде и негов тренер во завршната етапа од неговата фасцинантна кариера. Откако реши да заврши со долгогодишната соработка со својот чичко Тони, Надал го ангажираше својот добар пријател Моја, кој пак сега објасни што ги прави Рафа, Федерер и Ѓоковиќ поразлични од обичните смртници.
– Секогаш сум бил фокусиран на моите цели, но тоа беа цели кои правеа да се демотивирам кога ќе ги остварев. Моја цел не беше да освојам пет грен слеми, туку еден. Тоа го направив, а потоа цел ми беше да бидам и број еден во светот. Не ми беше цел да бидам број еден повеќе години. После тоа бев празен, ми недостасуваше амбиција. За разлика од мене, кај Рафа гледам глад и во оваа фаза од кариерата, после се што има постигнато.
– Со него сум од ден во ден, гледам колку се мачи ментално, а кога ќе дојде најтежок момент, добива дополнителна сила и не знам од каде ја исцрпува. Тоа не може да се научи, тоа му е во гените. Во секој член од „големата тројка“ постои нешто внатре во нив кое и натаму ги тера да прават историја. Тоа најмногу ме воодушевува. Освојуваат турнир, а веќе мислат на следниот. Тоа ги прави различни од нас обичните смртници, – вели Моја кој го освои Ролан Гарос во 1998-ма година.
-
Шпанијапред 20 часа
Анчелоти за партијата на ветеранот: Имаше лош меч, но немој да го вперувате прстот кон него!
-
Англијапред 20 часа
Мадисон му испрати „отровна стрела“ на Сака по крајот на тензичното дерби (Видео)
-
Италијапред 17 часа
Капитенот на Наполи избра страна по конфликтот меѓу Осимен и Гарсија
-
Шпанијапред 21 час
Мората потсети на една незаборавна изјава на Чоло откако му даде два гола на Реал: Дечињата од Мадрид…..
-
Италијапред 20 часа
Мурињо: После ова што го видов, веќе никогаш нема да кажам лош збор за „Олимпико“
-
Италијапред 22 часа
Наполи продолжи да губи бодови, Де Лаурентис се јави со интересна реакција
-
Англијапред 21 час
Покетино по новата катастрофа на Челси: Ни недостасува само едно нешто
-
Англијапред 22 часа
Менаџерот на Лидс покажа како се „лепи“ топка, навивачите збеснаа на трибините (ВИДЕО)