Поврзете се со нас

АТП

Моја: Надал беше „мртов“, изгуби четири килограми

Објавено

на

Рафаел Надал по една исцрпувачка битка успеа да го добие Денис Шаповалов и да избори место во полуфиналето на Австралија Опен.

Најдобриот шпански тенисер водеше со 2-0 во сетови по што му дозволи на противникот да се врати во игра и израмни на 2-2 за да на крајот и покрај сите проблеми собере сила и избори триумф со кој остана да сонува за 21 грен слем во кариерата.

-Не очекував дека ќе победи како што течеше натпреварот, но се случи чудо. Видовме дека Рафа падна поради топлотен удар, беше „мртов“, но стана. Паузата добро ќе му дојде. Изгуби четири килограми. Беше многу дехидриран, -истакна тренерот Карлос Моја кој во однос на тоа дали сонародникот може да испише историја порача:

-Не зборуваме за тоа во тимот, туку сонуваме. Секако дека сонуваме. Се надевам дека ќе разговараме за тоа во недела. Не сме разговарале за тоа откако дојдовме во Мелбурн. Ниту во најоптимистичкото сценарио не можевме да го замислиме Рафа во полуфиналето. Не го очекувавме тоа, но Надал е Надал. Секогаш се враќа. Тој е фаворит иако и Медведев знае да освојува грен слемови, -заврши Моја.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни