Поврзете се со нас

Евролига

Моерман пред звукот на сирената спречи шок за европскиот шампиoн, Милано освои уште еден тежок терен (ВИДЕО)

Објавено

на

Актуелниот европски шампион Анадолу Ефес ја забележа најдраматичната победа на мечевите од 22.рунда во Евролигата.

Турскиот претставник важеше за огромен фаворит во пресметката против Панатинаикос, но клубот од Грција покажа заби и беше конкурентен од почетокот до самиот крај, односно беше на чекор до славје во Истанбул.

Имено гостите влегоа во завршните 14 секунди со предност од 81-79 по погоденото едно од две слободни фрлања на Вајт, но избраниите на Атаман одлично искомбинираа во завршната акција и преку тројката на Моерман пред звукот на сирената дојдоа до славје од 82-81.

Моерман со 15 поени беше втор стрелец зад српскиот репрезентативец Мициќ кој уфрли 20 кошеви. Кај поразените Недовиќ беше автор на 20 поени.

Олимпија Милано пак освои уште еден тежок терен, односно откако пред десеттина дена славеше во Барселона сега победи и во Москва кај ЦСКА со 67-57.

Италијанците добија три од четирите четвртини, најефикасни беа Хал и Дениелс со по 13 кошеви. На спротивната страна Лундберг и Шенгелија заедно искоминираа 28 поени.

На останатите дуели Асвел беше подобар од Звезда (69-67) и Баерн како гостин ја надигра Басконија со резултат 84-77.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни