Поврзете се со нас

Италија

Моџи со замерка за Јувентус за случајот Погба: Во мое време се знаеше кој одлучува

Објавено

на

Foto:twitter.com/juventusfcen

Пол Погба заработи незгодна повреда за време на подготовките со новиот клуб Јувентус, а по многу консултации со најголемите стручњаци во областа, реши да не прави операција.

Французинот одлучи да го лекува коленото на конзервативен начин, а тоа не му се допадна на поранешниот директор на Јувентус, Лучијано Моџи.

Во својата последна изјава, контроверзниот Моџи истакнал дека клубот, а не Погба, требало да ја донесе конечната одлука.

– Не се согласувам со начинот на кој реагираше клубот при менаџирањето на повредата на Погба.

– Тие му оставија на фудбалерот да направи избор, во мое време ќе беше поинаку.

– Ако најдобрата опција е операција, тогаш мора да ја направи, тој сепак е вработен со голема плата во Јувентус. Сега сите ќе бидеме во исчекување кога ќе се врати, дали ќе игра на СП и дали набргу нема да му се случи истото, – изјавил Моџи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни