Поврзете се со нас

Италија

Моџи: Јувентус требаше да бара да се преигра мечот со Салернитана

Објавено

на

Јувентус не е во посакуваниот ритам и форма во оваа сезона, резултатите не се на ниво и поради тоа има огромни критики на сметка на тренерот Масимилијано Алегри.

Меѓутоа „бјанконерите“ во оваа кампања се сооќија и со една голема неправда, судиски превид кој ги остави без победа на средбата против Салернитана во Торино. Домаќините од негатива од 2-0 успеаа да го израмнат резултатот за да во судиското продолжение и дадат гол преку Милик за голема радост.

Ама истиот беше поништен поради наводен офсајд на Бонучи, офсајд кој пак реално не постоел затоа што ВАР судиите го заборавиле Антонио Кандрева во целата слика.

Ова предизвика многу реакции, коментари, негодувања затоа што вакви грешки едноставно се недопустливи на ова ниво особено кога сега е вклучена и технологијата.

Од таборот на Салернитана порачаа дека се подготвени ако е потребно да го преиграат мечот, став кој е сличен на контроверзниот Лучијано Моџи кој смета дека Јувентус морал да реагирал пожестоко и да се жали за тоа што се случи.

-Сигурно би поднел жалба да се преигра натпреварот доколку сè уште бев директор во Јувентус. Незамисливо е гол да биде поништен и покрај промашувањето на снимката која беше неопходна за да се оцени позицијата. Потоа неверојатно е што ниту ниту Лука Банти, ниту Матео Марченаро не беа суспендирани, -порачува Моџи кој свеовремено беше вклучен во скандалот Калчополи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни