Поврзете се со нас

Италија

Моџи индиректно го критикуваше Алегри за ремито со Милан

Објавено

на

Лучијано Моџи во својата последна колумна за италијански медиум го анализирал дербито Јувентус-Милан, кое заврши со резултат 1:1.

Домашниот тим играше подобро во првиот дел од средбата, но подоцна Милан не само што израмни, туку можеше да стигне и до победа.

Тренерот Макс Алегри по мечот призна дека погрешил со замените, а Моџи оди во таа насока, наведувајќи до заклучок дека токму тренерските одлуки го свртеле натпреварот во корист на „росонерите“.

– Многумина сигурно ќе се запрашаат зошто во второто полувреме од игра беа повлечени Дибала, Куадрадо и Мората (иако за Шпанецот е јасно дека беше повреден), без да се помисли дека тоа ќе влијае на целиот тим.

– Тука се јавува сомнежот дека не падна играта на екипата, туку Алегри повлече преголем квалитет од теренот. Од аспект на Јувентус, заклучок е дека има напредок во играта, – вели Моџи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни