Поврзете се со нас

Шпанија

Модриќ за враќањето на Анчелоти и новиот почеток: Десетта сезона, но се е исто како и првиот ден!

Објавено

на

Лука Модриќ ја стартуваше својата десета сезона како член на Реал Мадрид, откако заедно со Варан, Крос и Бејл се приклучи на подготовките кои веќе извесно време се во тек во Валдебебас.

Хрватскиот капитен ќе биде еден од лидерите на новиот Реал во кој ќе биде навистина чудно без Серхио Рамос, а Лука како ветеран во првиот тим, се очекува одново да преземе голема одговорност на теренот.

Модриќ се очекува да биде клучен и во системот на Карло Анчелоти, повратникот на клупата на Реал и човекот кој во својата прва етапа ја освои толку посакуваната „Ла Десима“.

– Се вратив со истата страст како и секогаш, ова е Реал Мадрид. Добро се чувствувам, исто како ова да е мојот прв ден во Реал Мадрид. Среќен сум што ги видов моите соиграчи, сите имаат голема желба за докажување, сега е време за работа пред стартот на сезоната.

– Многу сум среќен што го гледам Анчелоти назад после неколку години. Огромно е задоволството да се види тука. Карло е фантастичен тренер кој имаше големи успеси во првата етапа и се надевам дека ќе ги има и во втората, – изјави Модриќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни