Модриќ за уникатното чувство: Морав да молчам…

luka

Лука Модриќ до денеска беше актуелен освојувач на „Златната топка“, која до следната година сега ќе му припаѓа на Лионел Меси.

Хрватот денеска уште еднаш потсети за случувањата пред ланската церемонија.

– Никогаш нема да го заборавам чувството кога видов дека имам пропуштен повик од уредникот на „Франс Фудбал“. Тој ми најави дека ќе ме бара ако победам, но пред да му се јавам разговарав со сопругата и ја прашував што да правам.

– Кога ја добив потврдата, почнав да плачам, беше неверојатно чувство, беше навистина тешко да се чува тајната до доделувањето, знаеја само моите најблиски и дел од пријателите поради обврските околу организацијата и патувањето.

– Морав да молчам, а сакав да му соопштам на целиот свет, – вели играчот на Реал Мадрид.

Facebook Коментари