Поврзете се со нас

Шпанија

Модриќ за ремек-делото: Специјално е што постигнав ваков гол на „Бернабеу“ (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/realmadrid

Безвременскиот Лука Модриќ воодушевува со начинот на кој ја контролира играта на Реал во доцната фаза од својата кариера, но денеска посебно воодушеви со начинот на кој ја најави победата против Џирона.

Хрватот испорача „проектил“ во мрежата на каталонскиот тим и го отвори резултатот пред крајот на првиот дел, што беше сосема заслужено водство за „кралевите“ кои на крајот славеа со 2:0.

Ремек-делото на Лука беше вистински хајлајт од денешниот натпревар на „Бернабеу“, по кој искусниот играч за врска најави дека тимот може да достигне уште повисоко ниво до крајот на сезоната.

– Секогаш сум благодарен на поддршката која ја добивам од навивачите, мадридистите ми покажуваат љубов секој ден. Денеска повторно беше така и благодарен сум за секој ваков момент, – изјави Модриќ, кој од вкупно 30 постигнати голови од Ла Лига, дури 14 се надвор од шеснаесетникот.

– Треба да шутнете за да дадете гол, а денеска шутнав добро и топката заврши на вистинско место. Не знам дали ова беше еден од најспектакуларните, но беше навистина убав гол. Специјално е тоа што го постигнав тука, пред своите навивачи на „Бернабеу“, тоа прави овој гол да биде специјален.

– Беше важно да победиме и го направивме тоа, целосно сме во битката за титулата. Последните натпревари покажуваат дека сме во добар моментум, но треба да продолжиме напред. Задоволни сме од актуелното ниво, но сакаме повеќе, можеме да бидеме уште подобри како тим, – изјави Модриќ.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни