Поврзете се со нас

Европски првенства

Модриќ со солзи во очите ја искоментирал драмата со Италија и испорачал една забелешка до судијата

Објавено

на

Лука Модриќ го заврши мечот против Италија со солзи во очите, нешто што можеби беше и очекувано поради фактот што многумина најавија дека ова Европско првенство е последно за него во блескавата кариера.

Искусниот 39-годишен ветеран го постигна голот со кој Хрватска поведе против Италија, но тој не беше на теренот кога Закањи погоди за реми во 98-та минута.

Погодокот на фудбалерот на Лацио ги „смрзна“ Хрватите и изнуди очајни реакции и солзи на нивните лица, но капитенот Модриќ не пропуштил шанса да испрати и една забелешка до главниот судија, Дани Макели.

– Не знам што да ви кажам. Фудбалот понекогаш е многу суров и тоа го почувствувавме на своја кожа. Да бидам искрен, не знам каде судијата пронајде осум минути за продолжување. Ако треба да паднете, треба да се падне со пот, но тоа не е некоја утеха во овој момент.

– Теоретски се уште имаме шанси за осминафинале, но традицијата покажала дека работите никогаш не се поклопиле кога зависиме од друг. На претходниот меч примивм гол во 95-та минута, сега во 98-ма….. Фудбалот ни покажа колку може да биде суров. Ќе видиме дали ова е време да се простам од репрезентацијата, сега нее би сакал да зборувам на таа тема, – изјавил разочараниот Модриќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни