Поврзете се со нас

Шпанија

Модриќ со мајсторски гол ја најави победата на Реал над Џирона нa Миовски (Видео)

Објавено

на

Фото: https://x.com/realmadrid

Реал Мадрид не дозволи кикс на дуелот со Џирона на нашиот репрезентативец Бојан Миовски и со победа (2:0) се врати на делба на првото место со Барселона.

Домаќините настапија без Џуд Белингам, но и покрај тоа беа големи фаворити, а најубавиот момент на натпреварот се случи во 41. минута, кога Лука Модриќ со мајсторски гол донесе водство за својата екипа.

Хрватот обезбеди предност на полувреме, но и долго во вториот дел, се до асистенцијата на Мбапе до Винисиус, по што Бразилецот во 83. минута ги постави конечните 2:0.

Миовски доби шанса на „Бернабеу“ од 75. минута, но немаше можност да го загрози голот на Куртоа и да ја затресе мрежата на Реал.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни