Поврзете се со нас

Франција

Модриќ со искрен совет за Килијан Мбапе: За да бидеш подобар, мора да си одиш…

Објавено

на

Младиот француски напаѓач и член на ПСЖ, Килијан Мбапе е посочен како фудбалерот кој ќе ја обележи новата ера на фудбалот.

Французинот веќе со 21 година постигнува неверојатни резултати на индивидуален план, а на клупски ги собира сите признанија со својотПСЖ.

Играчот на Реал Мадрид, Лука Модриќ смета дека токму слабата конкуренција на ПСЖ во Франција може да го забави растот на Мбапе и токму затоа го посоветува да си пронајде нов клуб во кој ќе ја продолжи кариерата.

– Мбапе има се за да доминира во светскиот фудбал. Но, мислам дека најголемиот квалитет ќе го достигне ако премине во некој друг клуб, во некоја лига во која неговиот тим нема да победува толку лесно како ПСЖ во Франција, -изјави хрватскиот фудбалер.

Инаку, Килијан Мбапе има договор со ПСЖ до 2022 година, а неговото име редовно се поврзува со трансфер во редовите токму на Реал Мадрид.

Брзоногиот фудбалер има феноменална статистика зад своето име . Во дресот на ПСЖ на вкупно 120 натпревари колку што одиграл досега во кариерата има постигнато 90 погодоци и запишано 49 асистенции.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни