Поврзете се со нас

Свет

Модриќ си смисли оригинален прекар при најновата средба со Мурињо (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Португалија и Хрватска денеска ќе одиграа подготвителен меч за Европското првенство кое следи, што воедно ќе биде последен тест за двете селекции пред турнрирот во Германија.

Хрватска победи сигурно против Македонија и со добри мисли отпатува за Лисабон, а таму хрватската експедиција била пречекана и од еден од најтрофејните тренери во историјата.

Жозе Мурињо не ја пропуштил приликата да го пречека тимот кој го води Лука Модриќ, играчот во кој веруваше само тој пред 12 години.

Португалецот направи се што е во негова моќ да го донесе Хрватот на „Бернабеу“, па иако многумина не веруваа дека тој е играч од калибар на Реал Мадрид, годините покажаа дека Мурињо и тоа како беше во право.

Мурињо неодамна изјави дека Модриќ е играчот на кој е посебно горд, а вчера двајцата имале специјална средба и Лука ја овековечи истата и со оригинална објава на социјалните мрежи.

– Секогаш е задоволство да те видам шефе! Секогаш ќе ти бидам благодарен! Специјалниот и Реалниот!, – порача Модриќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни