Поврзете се со нас

Шпанија

Модриќ се подготвуваше да влезе во игра, Симеоне го изненади со понудата која му ја упати (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: twitter.com/Atleti

Реал и Атлетико Мадрид ги поделија бодовите во новата дерби пресметка во шпанска Примера, пресметка која донесе по еден гол во мрежите на „кралевите“ и „душекџиите“.

До последниот судиски свиреж беше занимливо и возбудливо на „Сантијаго Бернабеу“, а кога се во прашање Шпанците и нивните преноси ништо не може да им избега, па така камерите фатија еден занимлив момент во кој во главна улога беа Лука Модриќ и тренерот на Атлетико, Диего Симеоне.

Модриќ се подготвуваше да влезе во игра, а енергичниот Чоло кој беше блиску до него почна да го вика неговото име (Лука) и откако го доби неговото внимание му порача:

-Дојди кај нас и ќе играш, -порача Диего, а Хрватот на кого му истекува договорот на крјаот на сезонава само се насмевна.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни