Модриќ се огласи и испрати јасна порака за својата иднина во Реал (ФОТО)

luka

Екипата на Реал Мадрид нема по добро да ги памети овие летни месеци затоа што се случија навистина неколку неочекувани работи кои го нарушија мирот и победничката атмосфера.

Прво „кралевите“ останаа без Зинедин Зидан кој одлучи да го напушти кормилото по освоената титула во Лигата на шампионите, па потоа Кристијано Роналдо премина во Јувентус, за да во последниве неколку недели Лука Модриќ виси со својот статус на „Сантијаго Бернабеу“ за да во средата доживеат пораз од Атлетико Мадрид во Суперкупот на Европа (4-2).

Од сите овие наброени работи може само да се поправи ситуацијата со Модриќ, односно тој да остане во истата средина и покрај сите напори, инсистирања на калчолигашот Интер да го донесе на „Џезепе Меаца“.

На крајот Интер по се изгледа ќе мора да се помири со ситуацијата и да остане со празни раце, а добар показател за тоа е последната објава на Хрватот кој едноставно јасно посочува каде се гледа по поразот од Атлетико.

-Тежок пораз, но пораз кој не не дефинира нас како екипа. Време е да станеме и да продолжиме да работиме како што секогаш сме правеле, -напиша Модриќ на Инстаграм.

Facebook Коментари