Поврзете се со нас

Шпанија

Модриќ режираше магии на завршната подготовка пред Суперкупот во Европа (Видео)

Објавено

на

Лука Модриќ се очекува да биде движечка сила во играта на Реал Мадрид и во новата натпреварувачка сезона, која „кралевите“ официјално ќе ја стартуваат утре со Суперкуп финалето во Европа.

Европскиот шампион ќе ги одмери силите со Ајнтрахт Франкфурт во Хелсинки, а пред заминувањето, Твитер профилот на Реал Мадрид понуди две видеа од егзибицијата која ја имал Лука на последниот тренинг.

Од шутерскиот тренинг за издвојување е мајсторијата со надворешна по која стана препознатлив во фудбалска Шпанија, но тренингот го завршил со лоб минијатура.

Реал Мадрид го означи Модриќ како „магионичар“ во втората објава, а аплаузите не изостанале и од неговите соиграчи кои на Хрватот гледаат како на голем пример.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни