Поврзете се со нас

Шпанија

Модриќ презентираше нов фудбалски деликатес, противникот не знаеше каде е топката (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Лука Модриќ не престанува да ги воодушевува фановите на Реал и на 38-годишна возраст, а вчера во најголем дел од натпреварот беше убедливо најдобар играч против Селта Виго.

Хрватскиот ветеран полека влегува во завршната фаза од неверојатната играчка кариера, но дури и во оваа етапа игра на највисоко ниво и вчера презентираше фудбалски мастерклас на средината на теренот.

Модриќ одигра речиси перфектен натпревар како плејмејкер и сите статистички податоци го потврдија тоа, па не чуди фактот што доби стоечки овации од „Сантијаго Бернабеу“ кога го напушташе теренот.

Како надополнување на врвното издание, Модриќ презентираше и еден фудбалски деликатес, односно му ја „сокри“ топката на противникот и ја додаде до свој соиграч.

– Овациите најдобро говорат што фановите мислат за Модриќ, тој го заслужува тоа. Натпреварот кој го одигра беше комплетен, јасно е дека сите во Реал посебно го сакаме Лука, – изјави Анчелоти по победата од 4:0.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни