Поврзете се со нас

Шпанија

Модриќ постави престижен рекорд со вчерашниот настап за Реал во градското дерби

Објавено

на

Foto:x.com/realmadrid

Реал Мадрид не успеа да го победи Атлетико Мадрид на домашен терен, а резултатот од средбата само потврди дека може да се очекува драматична завршница на актуелната сезона во Ла Лига.

Притоа, ветеранот Лука Модриќ со добиената шанса во вториот дел на градското дерби постави и нов престижен рекорд во дресот на Реал.

За хрватскиот интернационалец ова бил 40. настап во градското дерби меѓу Реал и Атлетико, ефект кој досега не успеал да го достигне друг фудбалер.

Модриќ го собори рекордот на поранешниот соиграч Карим Бензема, кој остана на 39 настапи во дуелите со Атлетико.

Далеку зад нив е Тони Крос со 33 настапи, а Јан Облак стигна до 32-то дерби со вчерашниот дуел и е број еден меѓу играчите на Атлетико во оваа категорија.

Зад словенечкиот голман се Кристијано Роналдо и Антоан Гризман со 31 настап.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни