Поврзете се со нас

Европски првенства

Модриќ по ремек-делото: Има нешто поважно од мојот гол

Објавено

на

Лука Модриќ како капитен на хрватската фудбалска репрезентација го постигна клучниот гол за својот тим во групната фаза, погодок со кој ги одведе „коцкестите“ во осминафиналето, а ги натера Шкотланѓаните да ги спакуваат куферите и од останат во својот Глазгов.

Хрватска победи на гостувањето кај Шкотска со 3:1 и се пласираше во нокаут-рундата, па сега мирно ќе може да го чека својот ривал во осминафиналето во кој Модриќ смета дека тој и неговите соиграчи ќе бидат опасен за било кој противник.

Фудбалскиот ветеран постигна спектакуларен гол и стана највозрасниот стрелец за Хрватска на едно Европско првенство (го држи рекордот и за најмлад голгетер), но иако погодокот беше вистинско ремек-дело, тој поголема важност му даде на тимскиот успех.

Ова го можат само големи мајстори: Модриќ со фудбалска бравура ја одведе Хрватска во осминафиналето на ЕП (Видео)

– Среќни сме што одигравме голем меч кога најмногу требаше. Се пласиравме во втората рунда и ја остваривме главната цел на ова Европско првенство. Не бевме задоволни од прикажаното на првите два меча, вечерва и да загубевме, можевме да бидеме задоволни од тоа што го прикажавме.

– Кога играме вака, ние можеме да бидеме опасни за секого, знаеме дека можеме да се носиме и со многу посилни противници. Многу ми значи голот, мило ми е што помогна, но има нешто поважно од тоа. Цел тим играше добро и на крајот победивме, тоа е поважно од мојот гол, – во свој стил порача скромниот Хрват кој во месец септември ќе наполни 36 години.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни