Шпанија
Модриќ по новиот рекорд кој го оствари на „Месталја“: Вакви победи носат титули!
Лука Модриќ одигра вкупно 20 минути на дерби натпреварот против Валенсија кој вчеравечер се одигра на „Месталја“, но тоа беше доволно за да го освежи тимот и да го најави пресвртот кој го комплетираа „кралевите“ со играч помалку на теренот.
Хрватот влезе во 80-та минута и постигна гол за 1:1 пет минути подоцна, па откако Белингам до крајот постигна уште еден за целосен пресврт, Модриќ не го криеше задоволството по последниот судиски свиреж.
– Овој тим никогаш не престанува да верува, тоа го покажавме уште еднаш. Покажавме сила и истрајност, имавме доста несреќни ситуации во текот на натпреварот, но и покрај тоа верувавме во себе. Вакви победи носат титули, во Реал Мадрид се борите до самиот крај и никогаш не се откажувате. Кога победуваме на ваков начин, самодовербата за успеси расте уште повеќе. Не ми беше тешко да го постигнам голот за 1:1, далеку покомплицирано беше додавањето на Белингам, – изјави Модриќ кој со голот на „Месталја“ оствари нова историја и нов рекорд.
Хрватот со 39 години, 3 месеци и 23 денови стана највозрасниот фудбалер на Реал кој постигнал кој на еден официјален натпревар, надминувајќи го досегашниот рекорд на Ференц Пушкаш. Минатата сезона, Модриќ стана највозрасниот играч кој заиграл на еден натпревар за Реал, па сега дочека да му го урне и вториот митски рекорд на легендарниот Пушкаш.
– Новиот рекорд? Да бидам искрен, веќе претпоставував дека ќе дојде до такво нешто. Кога станав највозрасен играч кој заиграл за Реал, логично е да станете и највозрасен фудбалер кој постигнал гол, – изјави Хрватот.
-
Светски првенства13 часа
Австрискиот селектор Пајовиќ пред дуелот со Македонија: Имам добро чувство
-
Свет22 часа
(Не)очекувана одлука: Нејмар го избрал клубот во кој ќе ја продолжи кариерата
-
Светски првенства12 часа
Одработен завршниот тренинг пред Австрија: Лазаров ги пренесе идеите, ракометарите треба да ги спроведат на дело (Фото)
-
Репрезентација22 часа
Капитенот игра во страшна форма: Кузмановски го изедначи рекордот на Лазаров
-
Англија14 часа
Аморим откри каква кратка порака добил од Фергусон при средбата на теренот
-
Англија12 часа
Историски трансфер: Гвардиола доби нов стопер вреден 50 милиони евра (Фото)
-
Шпанија14 часа
Симеоне „ископа“ изјава на Анчелоти во која Италијанецот зборува за судиски одлуки во корист на Реал (Видео)
-
Италија21 час
Малдини испратил специјален подарок за Ернандез (ФОТО)