Поврзете се со нас

Шпанија

Модриќ откри со што Белингем најмногу го изненадил: Тоа беше…

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Џуд Белингем одигра навистина квалитетна прва сезона во дресот на Реал Мадрид, сезона која може да ја комплетира со три освоени трофеи со оглед на тоа што екипата в сабота игра против Борусија Дортмунд во финалето на Лигата на шампионите.

Меѓутоа и да се тргнат на страна освоените пехари (Ла Лига и Супер Купот на Шпанија), англискиот репрезентативец беше навистина импресивен со 23 голови и 12 асистенции во сите конкуренции што доволно говори какво влијание имаше врз резултатите, самата игра на шпанскиот великан.

Тој ги импресионира и соиграчите, па и ветераните како што е Лука Модриќ кој има соработувано со големи, звучни, квалитетни имиња низ целокупното досегашно патување.

-Џуд им покажа на сите каков играч и каков талент е, но она што најмногу ме изненади кај него, бидејќи не го познавав кога го видов како игра и ги слушнав работите за него, беше неговиот менталитет. Неговата работна етика не е второстепена. Тој е неверојатен на секој тренинг, на секој натпревар. Неговиот победнички менталитет е она што најмногу ме импресионираше освен неговиот фудбалски коефициент на интелигенција, -вели Модриќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни