Модриќ откри неверојатна приказна: Летаа облози за заминувањето на Кристијано…

luka-kikica

„Франс Фудбал“ првично излезе само со најава за утрешното ново издание на магазинот кое ќе се продава во киосците во Франција, но иако првично беше објавено дека повеќе детали ќе бидат познати утре, сепак ова попладне во електронското издание беше откриена интересна информација од интервјуто на Лука Модриќ.

На насловната страна на „Франс Фудбал“ е издвоена изјавата на Модриќ во која тој вели дека би сакал за свој соиграч да го има Зинедин Зидан, но сепак сега посебно се истканува една изјава поврзана за Кристијано Роналдо и неговото заминување од Реал Мадрид.

– Не очекував да си замине ниту еден од двајцата, ниту Зидан, ниту Кристијано. Кога слушнавме за шпекулацијата за Роналдо, летаа облози во соблекувалната и бевме убедени дека тој ќе остане во тимот. Но, на крајот, секој сам си го избира својот пат, – открива Модриќ.

Facebook Коментари