Поврзете се со нас

Шпанија

Модриќ откри каква страшна трансформација доживел во последните четири години (Фото)

Објавено

на

Спортската аналитика до пред десетина години велеше дека професионалните фудбалери се при крајот на кариерите кога ќе наполнат 30 години, но модерната медицина и различните современи методи за усовршување во спортот направија оваа граница да се помести.

Еден од најдобрите примери за тоа е Лука Модриќ, неверојатниот играч за врска на Реал Мадрид кој игра на завидно и врвно ниво и на свои 35 години.

Играчите за врска се оние кои се најистрошени во оваа фаза од кариерите, но Модриќ минатата сезона беше еден од најкористените играчи во првиот тим на Реал Мадрид и демонстрираше извонредна физичка подготовка од која остана фрапиран и Зинедин Зидан.

Поради блескавите изданија, Модриќ беше награден и доби нов договор од Флорентино Перез, а сега во пресрет на неговата 10-та сезона во Реал Мадрид, на своите слебеници им откри каква страшна трансформација доживеал кога е во прашање мускулната маса во последните четири години.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни