Поврзете се со нас

Шпанија

Модриќ откри како завршиле преговорите со Перез пред преполниот „Бернабеу“ (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/realmadrid

Лука Модриќ е еден од четворицата играчи на Реал кои стигнаа до шестата титула во Лигата на шампионите, а заедно со Начо станаа двајцата со најмногу освоени трофеи во историјата на Реал Мадрид.

Капитенот на Реал се уште се двоуми и нема решено дали ќе продолжи уште една сезона, но затоа Модриќ е цврсто решен во својот став и вчеравечер на навивачите на им порача дека ќе се видат и следната сезона.

– Колку сум среќен што сум повторно тука пред вас. Ви благодарам за поддршката во текот на цела сезона, овој трофеј е и ваш. Се гледаме следната сезона, – порача Модриќ, кој автоматски најави дека набрзо ќе стави параф на нов договор.

Хрватскиот маестро во септември ќе наполни 39 години и навистина важи за играч кој поставува нови стандарди во Реал, бидејќи Перез има доста деструктивна тактика кога се во прашање играчи постари од 33 години.

Лука ќе стави потпис на нов едногодишен договор, што значи дека ќе ја почне и 15-та сезона како играч на Реал.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни