Шпанија
Модриќ очекува многу од талентот кој има малерозен старт во Реал: Мадридистите со години ќе се радуваат

Хрватска и Турција вечерва ќе ги одмерат силите во квалификациите за Европското првенство, а еден од оние кои го најавија мечот во Осијек беше и Лука Модриќ.
Капитенот на „коцкестите“ говореше за сложената и некарактеристична ситуација со која се соочува во Реал Мадрид од стартот на сезоната, но на турските новинари им одговорил и на прашањето поставено за неговиот нов соиграч во Шпанија.
Арда Ѓулер имаше малерозен старт на авантурата во Реал и двете повреди направија се уште да не дебитира за првиот тим, но Модриќ уверува дека се работи за специјален талент и најавува дека навивачите на „кралскиот клуб“ ќе уживаат со него во годините кои претстојат.
– Ѓулер е фантастично момче со неверојатен потенцијал. Вистинска штета беше неговата прва повреда на коленото, која потоа донесе уште една. Немаше можност да се покаже пред навивачите на Реал Мадрид, но ќе го дочека тоа.
– Има светла иднина пред себе и сигурен сум дека навивачите на Реал Мадрид со години ќе се радуваат на него. Не треба да се прават споредби меѓу мене и него, тој треба да остане Арда Ѓулер, – изјави Модриќ.
-
Шпанијапред 18 часа
Анчелоти добива „џокер“ во стартната постава, Реал рутински се врати на врвот (Видео)
-
Италијапред 16 часа
Јовиќ се израдува на прв гол во дресот на Милан, голманот Мењан во улога на асистент! (Видео)
-
Европски првенствапред 19 часа
Далиќ: Не можеше потешко од ова
-
Англијапред 22 часа
Супер компјутерот на ОПТА пресмета какви се шансите на Јунајтед да обезбеди осминафинале во ЛШ
-
Македонијапред 21 час
Лазаров: Имам една забелешка за Вардар, сега спречуваме изумирање на македонскиот ракомет!
-
Шпанијапред 15 часа
Анчелоти со неверојатни пофалби за својот „мотор“ во Реал: Тој е незаменлив и кога не игра на теренот
-
Европски првенствапред 18 часа
Порно звуци одекнаа за време на ждрепката за ЕП, присутните останаа во неверица (Видео)
-
Англијапред 6 часа
Тен Хаг призна дека една ѕвезда на Јунајтед посебно се мачи оваа сезона: Ќе зборувам приватно со него