Поврзете се со нас

Шпанија

Модриќ не е загрижен за заминувањето на Меси: Си отиде и Роналдо, па на крајот…..

Објавено

на

Серхио Рамос и Тони Крос како претставници на Реал Мадрид вчера први се огласија од таборот на „кралевите“ за хаосот кој владее во Барселона, односно најавеното заминување на Лионел Меси кој сега наидува на опструкции од клубот за реализирање на посакуваниот план.

Капитенот на Реал и Германецот констатираа дека Ла Лига и шпанскиот фудбал ќе претрпат огромен удар доколку на крајот се реализира заминувањето на Меси, но за разлика од нив, Лука Модриќ не е загрижен за иднината и атрактивноста на фудбалот на Пиринеите, без оглед на тоа која ќе биде конечната одлука на Аргентинецот.

Модриќ како еден од староседелците во Примера признава дека евентуалното заминување на Меси ќе остави празен простор, но верува дека други играчи ќе направат неговото отсуство да не се почувствува толку многу.

– Ќе биде навистина голем удар за престижот на Ла Лига доколку Меси на крајот си замине. Но, никој не може да остане и да размислува за тоа што се случило во минатото, – изјави Лука за „АФП“ и додаде.

– Фудбалот е таков и сме виделе вакви слични ситуации. Мора да се гледа напред, кога едни си заминуваат, доаѓаат други и тие стануваат ѕвезди на местото на тие кои си отишле. Кога Кристијано си замине, атмосферата беше слична, но на крајот животот продолжи без него во Реал Мадрид и се се врати во нормала. Истото ќе се случи и во Барселона ако Ла Лига остане без Меси, – нагласи Хрватот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни