Поврзете се со нас

Шпанија

Модриќ му држеше лекции на Винисиус на теренот, Анчелоти порача: Кога Лука зборува….. (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/realmadrid

Карло Анчелоти излезе со комбиниран тим на „Бутарке“ и им даде шанса на играчи кои поретко се во стартната постава, па иако експериментираше, искусниот Италијанец на крајот се израдува на победа.

Голот на младиот Гарсија во 93-та минута донесе тешка победа за Реал со резултат 2:3, а бидејќи стануваше збор за натпревар на кој Реал испушти предност од 2:0, во второто полувреме имаше и одредена тензија на теренот.

Лука Модриќ во улога на капитен беше тој кој се обидуваше да ги разбуди своите соиграчи, но посбени забелешки имаше за Винисиус Жуниор.

Хрватот му забележа на својот соиграч што не се враќа и што не помага во дефанзивните задачи, а бидејќи неговата реакција предизвика големо внимание, со изјава на оваа тема по пласманот во полуфиналето се јави и Карло Анчелоти.

– Да бидам искрен, не ја забележав ситуацијата. Но, ако Модриќ му кажал нешто на Винисиус, зборот на Лука секогаш се почитува. Кога тој зборува, другите слушаат, – изјави Анчелоти.

Видеото погледнете го ТУКА

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни