Поврзете се со нас

Свет

Модриќ може да се пресели во Саудиска Арабија: Ако понудата е соодветна…

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Лука Модриќ веќе долго време е на големата сцена, кариера која започна во Динамо Загреб, продолжи во Тотенхем за да најубавите години ги мине во Реал Мадрид, клуб во кој настапува и денеска.

Меѓутоа Лука веќе е блиску до 40 година и може лесно оваа сезона да се е последна во дресот на „кралевите“ на кои верно им служи од 2012 година. Тој и сега знае да направи разлика, да ја разбуди екипата, да има значаен придонес, но во исто време имаше и период во кој падна во втор план кај Анчелоти кој се решаваше за други опции.

Наредната 2024 година може да биде интересна за Хрватот, а една од можностите е да заврши во Саудиска Арабија.

-Саудиски клубови? Ова лето имаше интерес за Модриќ со цел да го потпишат. Играчот имапе неколку понуди, од клуб од главниот град и од друг клуб.

-Модриќ моментално размислува за Реал Мадрид, но идејата тој да се пресели во Саудиска Про лига е можна доколку понудата е соодветна, -истакна агентот на Хрватот, Борха Коуче.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни