Поврзете се со нас

Франција

Модриќ: Мбапе е меѓу најдобрите на светот, големите играчи се добредојдени во Реал

Објавено

на

Хрватскиот репрезентативец, Лука Модриќ го искажа својот став на темата која долго време е актуелна, можниот трансфер на Килијан Мбапе во Реал Мадрид.

Мбапе веќе неколку години е дел од ПСЖ каде само потврди дека е класа и еден од најдобрите на светот, а повеќе од јасно е дека такви играчи секогаш се на мета на шпанскиот великан.

-Постојат многу гласини и вести за играчи кои би можеле да дојдат или заминат од Реал. Не можам тоа да го коментирам. Особено играчи од други клубови. Можам само да кажам дека Килијан Мбапе е одличен играч, тоа го покажа многупати играјќи за ПСЖ и француската репрезентација. Секако големите играчи се секогаш добредојдени во Реал Мадрид.

-Ќе видиме што ќе се случи следната сезона, но она што можам да ти кажам е дека Мбапе е еден од најдобрите фудбалери во светот, -истакна Лука кој со Реал се подготвува за реваншот против Ливерпул во четвртфиналето на Лигата на шампионите.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни