Поврзете се со нас

Шпанија

Модриќ: Луд натпревар…

Објавено

на

foto:twitter.com/cristobalsoria

Реал Мадрид ја доби драмата со Атлетико Мадрид во Супер Купот на Шпанија, битка која донесе осум гола, дополнително 30 минути и конечно славје на „кралевите“ од 5-3.

Избраниците на Карло Анчелоти двапати се враќаа од негатива на средбата во Ријад, покажаа тимски дух, карактер и ја остварија посакуваната цел, пласман во финалето во кое ќе играат со подобриот од денешниот меч меѓу Барселона и Осасуна.

Ветеранот Лука Модриќ беше стартер на вчерашниот натпревар на кој забележа асистенција и со тоа имаше конкретен придонес за триумфот.

-Ова беше луд натпревар, ама ние сме во финалето. Се гледаме во недела, -порача Лука на социјалните мрежи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни