Англија
Модриќ купи акции и стана косопственик во поранешен англиски премиерлигаш (Фото)

Лука Модриќ не планира да стави крај на играчката кариера и негов план е да остане уште една година во Реал Мадрид, но истовремено, Хрватот работи и на други проекти кои можат да го задржат во фудбалот по крајот на незаборавно играчко патување.
Како што известува угледниот новинар, Фабрицио Романо, хрватскиот ветеран си осигурал интересен проект во англискиот фудбал, откако решил да стане малцински сопственик на поранешниот премиерлигаш Свонси.
Популарните „лебеди“ во овој момент се натпреваруваат во Чемпионшип лигата и се наоѓаат на 12-то место на табелата, но со новиот косопственик, планот е од наредната сезона да се стремат кон влезе во елитата.
Во својата ексклузива, Романо не открива колкава сума на пари вложил Модриќ во новиот фудбалски проект, но затоа потенцира дека овој повлечен потег не менува ништо кога е во прашање неговата играчка кариера.
Лука и натаму останува цврсто на ставот дека ќе игра фудбал најмалку уште една година, па сега останува да се види дали тоа ќе го прави во Реал Мадрид, или во некој друг клуб.
🚨 EXCLUSIVE: Luka Modrić, set to become new Minority Owner at Swansea.
Modrić will become one of the owners of the Championship club, deal agreed 🦢
❗️ This does 𝐧𝐨𝐭 affect his pro career, as he wants to continue playing for Real Madrid again, as reported last month. pic.twitter.com/Us0sb9k204
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) April 14, 2025
-
Англија15 часа
Тренерот на Кристал Палас откри дека посебно таргетирале еден играч на Арсенал
-
Македонија4 часа
Украинецот во елемент во клучен момент: Мајсторијата на Горига за победа на Вардар во Битола (ВИДЕО)
-
Шпанија17 часа
Анчелоти беснееше по играч на Реал, па веднаш го извади од игра: Ова не е театар! (Видео)
-
Шпанија11 часа
Тежок удар пред „Ел Класико“: Реал соопшти најлоша вест за Камавинга (Фото)
-
Италија16 часа
Инѕаги: Мора да му честитаме на Милан за тоа што ни го направи оваа сезона
-
Германија14 часа
Баерн се откажува од талентираниот Шпанец за кој се крена голема врева пред 18 месеци
-
Италија12 часа
Инѕаги беснееше по четвртиот судија и му забрани да покаже петминутно продолжение (Видео)
-
Македонија4 часа
Одличниот Вардар го урна Пелистер во Битола и сега е во пол-позиција за титулата